Помалку од три месеци откако се пресели во американската професионална МЛС лига во редовите на Лос Анџелес, дресот на велшкиот капитен Герет Бејл е најпродаван во Лигата.
Бејл, кој е петкратен освојувач на Лигата на шампиони со Реал Мадрид и му помогна на Велс да се пласира на Светското фудбалско првенство во Катар за првпат по 1958 година, потпиша за клубот од Лос Анџелес на крајот на јуни откако го напушти Мадрид.
Во дресот со бројот 11, Бејл дебитираше за Лос Анџелес на 17 јули.
Лос Анџелес, во чии редови во летниот преоден рок се пресели и италијанскиот ветеран и дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кјелини, води во Западната конференција со 60 бодови и веќе обезбеди пласман во плејофот во МЛС лигата.