![honda](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/honda.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Со идентични победи од 3:1, големите фаворити за победничкиот пехар, Милан и Наполи, обезбедија пласман во следната, 1/4 финална рунда од Купот на Италија.
Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев беше дел од првиот тим, а дуелот против Аталанта го заврши во 60 минута кога беше заменет со словачниот интернационалец, Марек Хамшик.
Второлигашот Специја не се покажа како посериозна пречка за фудбалерите на Милан, а освен Пацини кој се запиша во листата на стрелци по долгата пауза од 8 месеци, дебитантски погодок во “црвено-црниот” дрес постигна и најновата зимска аквизиција на “росонерите”, репрезентативецот на Јапонија, Кеисуке Хонда.
Тимот на Лацио ќе му биде противник на Наполи во 1/4 финалната рунда од Купот на Италија, а Милан важи за благ фавориот во пресметката со екипата на Удинезе.