Водството на фудбалската репрезентација на Хондурас ги обвини на Австралијците за шпионажа во пресрет на нивниот возвратен меч во дополнителните квалификациите за светското првенство 2018 година кој треба да се игра на 15-ти ноември во Сиднеј.
Селекторот на хондурашката репрезентација Хорхе Луис Пинто ги обвини челниците на австралискиот сојуз дека нивниот тренинг го снимале со дрон, со цел на тој начин да дојдат до информации за поставеноста на неговата екипа.
„Тое е срамно за една така развиена држава како што е Австралија. Кога тие во пристигнаа во Хондурас ја прегледаа секоја соба, секоја бања и просторија во хотелот. Особено го проверуваа секој агол на нашиот стадион за да не можеме да ги снимаме. Ужасно сме разочарани, ова е јасен пример на шпионажа во фудбалот“, рече Пинто.
Австралијците, секако, сиве овие работи ги демантираат, иако во Хондурас користеле дрон за снимање на своите тренинзи. „Сокеросите“ тврдат дека дронот кој е забележан над садионот „ANZ“ им припаѓал на деца кои играле во блискиот Кети Фримен Парк.
„Токму како што VAR (video assistant referee) технологијата влезе во фудбалот, така и дроновите станаа алатка во спортската шпионажа“, додава Пинто.
Првиот меч меѓу Хондурас и Австралија заврши без голови, а реваншот се игра во среда во Сиднеј во 10 часот по македонско време.