Откопани гробови и распарчени тела се сликата која секојдневно ги плаши и ужаснува жителите на Шипковица, откако мечка оди на гробиштата и ги јаде остатоците од покојниците.
– „Две тела ги извадила од гробот и ги изела од колена надолу. Другото го извадила од гробот и го фрлила настрана, но нозете му ги изела. Погребавме младо момче, но следниот ден кога отидовме, трупот беше надвор, а нозете ги немаше“, вели еден жител за Алсат, за хоророт кој го затекнал.
Жителите велат дека стражарат, а за случајот е информиран и Одделот за внатрешни работи на Тетово, од каде за Алсат велат дека известено е Министерството за земјоделство и се очекуваат одлуки за понатамошните мерки.