Шеесет и шестгодишна жена е повредена доцна синоќа кога некој од нејзиното семејство ја фрлил низ прозорец на висина од околу четири метри, а таа останала да виси на дрво во Париска улица во близина на Соборната црква во Белград.
Српскиот интернет портал Телеграф неофицијално објавува дека жената најпрво имала расправија со сопругот кому му удрила шлаканица, а потоа еден од синовите ја фрлил низ прозорецот од станот на првиот кат.
Врисоците на несреќата жена ги чуле соседите, кои веднаш повикале полиција и итна помош.
Полицајците успеале да ја симнат од дрвото жената и да ја предадат на докторите која ја пренеле во Ургентниот центар. Состојбата на жената е стабилна, а полицијата го привела осомничениот за нападот.