Според информациите објавени во локалните медиуми, 30 годишниот маж, И.Ѓ. во населбата Бобиште, во Лесковац, околу 15 часот по расправија со својата сопруга Д.Ѓ. влегол во својот автомобил и додека таа трчала по него, ја прегазил.
Излегол од возилото и со нож и нанел три убоди, во вратот, стомакот и потколеницата. За среќа, раните биле површински, па жената преживеала, но нејзината состојба е критична и лекарите се борат за нејзиниот живот.
И.Ѓ. е приведен, а полицијата се уште го истражува случајот, па не открива детали околу причините за расправијата.