Дваесет годишен мигрант од Ирак кој стигнал во прифатниот камп преку т.н. „Балканска рута“ брутално силувал 10 годишно момче на јавен базен во Виена, пишува „Дејли Меил“.
Момчето по злоставувањето било хоспитализирано. Веднаш по немилиот настан еден спасувач го забележал момчето како плаче во кабината за пресоблекување и случајот веднаш го пријавил во полиција.
За тоа време ирачкиот државјанин опуштено се забавувал и скокал во базенот од скокалницата, па полицијата веднаш го уапсила.
Тој изјавил дека бил „во криза затоа што немал секс неколку месеци“ па затоа го силувал момчето. Силувањето се случило уште на 2-ри декември но полицијата дури сега излегла со детали за овој грозоморен чин.
Инаку, мигрантот влегол во Австрија со бегалскиот бран од петти септември. Во Виена работел како таксист, а наводно во Ирак има сопруга и ќерка.