Хороскоп 03.07.2018

ОВЕН

Месечината во Риби ве повикува да најдете време и да се одморите. Потребно ви е смирување за да може да продолжите и ги надминете турбулентните случувања. Повлечете се и формулирајте нов план. Одмарајте.

БИК

На удар сте на повеќе предизвикувачки аспекти, кои чинат да се чувствувате млитаво, неумешно и со ниски стандарди. Вашето небо можеби го прекриваат облаци, но пред вас сепак ќе се појават нови можности – отворете се.

БЛИЗНАЦИ

На професионално ниво се соочувате со нефлексибилно и догматско размислување, па давате лоши или некомпетентни совети. Имајте во предвид дека не можете да брзате. Кон крајот на денот ќе уживате во изобилство.

РАК

Пред вас се појавува нова шанса за партнерство или духовно патување и тоа сосема неочекувано. Шанси за радост, среќа и задоволство. Со голема интуиција ги разбирате потребите на оние околу вас – можна е и нова романса!

ЛАВ

Ретроградниот Марс ги забавува работите и се јавува потреба да размислите одново за своите планови. Искористете го најдоброто од оваа ситуација, без да сакате да сте центар на вниманието. Не бидете одмаздољубиви.

ДЕВИЦА

Сега ќе треба да нурнете подлабоко под површината на нештата, со големо внимание и свесност. Отстранете го отпорот, па потоа почнете да работите. Внимавајте на детската имагинација и побарајте совет на експерти.

ВАГА

Не дозволувајте си да сте арогантни поради некои минати заслужени напори, бидејќи може да ги растурите најблиските врски. Имајте добра доза на хумор без оглед што се случува и на тој начин ќе излезете како победник сега.

 

СКОРПИЈА

Месечината во Риби ја нагласува јаснотијата, контролата и вашиот мир среде турбулентните промени. Денес сте со зголемена интуиција и така ќе можете да ги надминете искушенијата, ситните проблеми и лошите пресврти.

СТРЕЛЕЦ

Јасно дефинирајте што посакувате да постигнете бидејќи надворешните влијанија не ви одат во прилог. Дали сакате богатство, имот, самосовладување или поцврста волја? Уживајте и споделувајте ја својата среќа.

ЈАРЕЦ

И вас ве очекуваат промени за кои треба да бидете спремни – имате голем апетит за менталните процеси и логика, па ќе собирате информации со внимателно истражување и суптилно следење. Денес говорите јасно и гласно.

ВОДОЛИЈА

Сега сте волни да направите ефективни промени – штом ќе загосподарите со себе, веднаш ќе имате авторитет и врз другите. Не бидете арогантни или саркастични, туку умерени, посветени и корисни – така ќе успеете.

РИБИ

Не губете се во морето на детали, за сметка на пошироката слика. Се губите себеси предавајќи ѝ се на работата, на сметка на личниот и духовниот живот. Бидете отворени и не ги повторувајте истите грешки одново. Учете сега.