ОВЕН
Иако се чини дека работите не се движат во саканата насока, имајте предвид дека можеби треба да ја смените својата перцепција. Дали сте заглавени во магичен круг на недоверба? Сега е добро да штедите и со конкретна акција да го постигнете потребното. Пат.
БИК
Немојте да сте бавни во ситуациите што бараат брзина и имајте имагинација и волја да се обидете со поинаков пристап, дури и да не сте сигурни во исходот. Мрзеливост и стагнација, но дури и блокадите може да доведат до прогрес. Бидете внимателни и трпеливи и чекајте сега.
БЛИЗНАЦИ
Денес би можеле да се соочите со измама или интелектуална гордост, а тоа го потенцира чувството на заглавеност без видлива солуција. Не ѝ дозволувајте на анксиозноста и фрустрацијата да ве извадат од тек, туку обидете се да се повлечете за сега и планирате за утре.
РАК
Можеби сте во дилема и по малку несигурни, но не дозволувајте негативните емоции да го обојат овој ден. Пред вас се отвораат нови шанси, но треба прво вие да црпнете од бунарот за да се наполните, а потоа да им дадете сила и на другите. Замижете пред мааните на луѓето сега.
ЛАВ
Имате чувство дека сте заглавени во безнадежна ситуација од која е невозможно да се повлечете. Што и да правите денес, нема да ги постигнете саканите резултати, затоа почекајте бар уште малку. Размислувајте за идните планови и чекајте подобро време. Трпение и совети.
ДЕВИЦА
Денес зрачите со голема самодоверба, страст и сензуалност и доаѓате во центар на вниманието. Не само што ги рефлектирате желбите и потребите на останатите, туку и ги распалувате нивните стремежи. Полни со виталност и харизма чекорите храбро кон саканото.
ВАГА
Ова е ден кога е добро да внимавате на некоја експлозивна ситуација, која може да ги сруши вашите најдобри намери и да ги инволвира и вашите блиски. Знаете дека пред вас стои работа, на внатрешен и надворешен план, па знаејќи го скриеното, ќе донесете добри одлуки.
СКОРПИЈА
Нагла промена која ќе го смени вашиот животен стил – што и да започнете, добро е да знаете дека ќе ви е потребно време за реализација на плановите. Бидете трпеливи и почекајте, живеејќи повлечено следните три месеци. Послушајте совет од женска личност сега.
СТРЕЛЕЦ
Не се откажувајте сега верувајќи им на своите стравови, неодговорност или наивност. Самоизолацијата од саканите не е добра опција, затоа послушајте ги зрелите совети кои што ви се нудат. Неразумно сте недоверливи, се криете и мамите – нема потреба од тоа. Бидете мудри.
ЈАРЕЦ
Се чини дека денес вложувате нагло голема сила, а тоа не е потребно, бидејќи може сосема будалесто да влезете во некоја незгодна ситуација. Не му дозволувајте на нетрпението да ги распие вашите напори или да донесете погрешни одлуки во љубовниот живот и бизнисот.
ВОДОЛИЈА
Имате потреба да се повлечете од надворешниот свет за да соберете сила и да размислите од ново за сѐ. Истражувате во себе барајќи инспирација и внатрешна визија, поради големата потреба да разберете и научите. Совет од некој мудар човек кој има големо искуство.
РИБИ
Пред вас се отвораат судбински патеки, па добро е да бидете отворени за она што имаат другите да ви го кажат. Средба со луѓе кои веруваат во традиционалните методи, а кои ќе ве поддржат со симпатија и лојалност. Иницијација на проект, на личен или професионален план.