Припадниците на хороскопскиот знак Овен не се задоволни од квалитетот на љубовната врска, раковите никако неможат да ја најдат вистинската личност. Проследете го новиот неделен хороскоп и дознајте што ве очекува во текот на оваа недела.
Овен
Работа – Одличен период за потпишување договори, склопување зделки, учење и образование, за што ви придонесува директното движење на Венера, обидете се колку е можно помалку да комуницирате со ваги.
Љубов – Не сте задоволни со квалитетот на врската, но барем точно знаете што можете да очекувате од партнерот.
Здравје – Проверете ги бубрезите!
Бик
Работа – Владетелот на вашиот знак, Венера е во директно движење, што значи дека се ќе дојде на своето место, посебно околу прашањата врзани за имотот.
Љубов – Веќе долго се обидувате да и се наметнете на саканата личност но подобро е да пуштите работите да се одвиваат по свој тек.
Здравје – Проблеми со синусите.
Близнаци
Работа – Меркур е ретрограден што значи дека се ќе биде спротивно од саканото. Но, не губете надеж, тоа што сте го наумиле ќе го остварите со извесно задоцнување. Крајно време е да поведете повеќе сметка за тоа кому му се доверувате.
Љубов – Се се враќа, се се плаќа. Водете сметка како се однесувате и кого бркате од вашиот живот затоа што во иднина нема да можете да ја исправите грешката.
Здравје – Проверете ги хормоните!
Рак
Работа – Забележителни резултати на поле на работата остварувате благодарение на големата амбиција и енергија, на што укажува младата Месечина, која што инаку е владетел на знакот во Девица. Сепак не претерувајте, осврнете се повеќе на духовните работи.
Љубов – Никако неможете да ја најдете вистинската личноста, па не е ни чудо што сте полни горчина поради грешките од минатото.
Здравје – Депресија.
Лав
Работа – Ѕвездите се најмногу наклонети на Лавовите што се занимаваат со интелектуална работа. Вие сте во фаза на преиспитување на одлуките и личностите во кои имате доверба. Доколку на извесно време се осамите и се оддалечите од главниот проболем, ќе успеете пореално да го согледате.
Љубов – Девицата е вистинска личност за вас, па затоа немојте да ја одбивате. Ако ништо друго таа со советите ќе ви помогне да го решите проблемот, а вашето незадоволство од љубовниот живот е евидентно.
Здравје – Поминувајте повеќе време во природа.
Девица
Работа – Со оглед на тоа што натпреварувачкиот дух е нагласен, обидете се да се занимавате со спорт или со игри на среќа. Исбегнувајте докажување во погрешно време и на погрешно место.
Љубов – Партнерот константно го става на проба вашето трпение. Време е да продолжите понатаму.
Здравје – Се чувствувате добро.
Вага
Работа – Експанзијата на работното место е евидентна. Иако станува збор за ситници, задоволно ги триете рацете. Еден проект ве прави прилично несигурни, но без причина, затоа што Венера, владетелот на вашиот знак трха во директно движење, па се ќе се врати на место. Во овој период најпаметно е да не очекувате помоп од други лица, туку да се потпрете на сопствените сили. Само со истрајна акција ќе постигнете резултати.
Љубов – Лавовите ви се слаба точка, со нив доживувате кревања и падови.
Здравје – Добро.
Скорпија
Работа – Занимавањето со детали наместо со суштината на проблемот негативно се одразува врз работата. Ваквата ситуација дополнително е искомплицирана поради тоа што ги избегнувате советите што не ви се по волја. На почетокот на периодот ве очекуваат значајни промени, но обидете се да бидете колку е можно пореални и не очекувајте премногу, затоа што ќе се разочарате. Овие денови, владетелот на знакот Марс ќе ја заземе најсилната позиција во вашето поле на кариерата.
Љубов – Веќе сфативте дека со лукавост можете да дојдете до срцето на партнерот и до паричникот. Колку повеќе го измачувате тој повеќе ве сака.
Здравје – Толку сте окупирани со работа што немате време да размислувате за здравјето.
Стрелец
Работа – Во фаза сте на преиспитување и размислување на тоа што да правите за да ја подобрите ситуацијата која што почна да излегува од контрола.
Љубов – Врската во која се наоѓате во моментов е прилично нестабилна. Најдобро е отворено да разговарате со партнерот.
Здравје – Болки во нозете.
Јарец
Работа – Каква одлука и да донесете, ќе се каете. Ова го навестува Сатурн, владетелот на вашиот знак. Потпрете се на личноста што ви е вистински пријател. Таа со совети ќе ви помогне од извесни ситуации да извлечете максимум.
Љубов – Емотивните изливи ја прават врската со саканата личност многу динамична. Не прикривајте ги чувствата и постојано бомбардијате го партнерот со страст.
Здравје – Доколку успеете да ги зачестите оброците и редовно да се храните ќе ги решите проблемите со стомакот.
Водолија
Работа – Работата навистина ви здодеа, затоа што не се случува ништо интересно. Но, немојте да кукате премногу – барем паричникот ви е полн. Крајно време е да се свртите кон духовноста.
Љубов – Премногу ги анализирате чувствата, опуштете се и уживајте во љубовта со една Девица.
Здравје – Стомачни тегоби.
Риби
Работа – Финансиската ситуација е стабилна, сепак, обидете се да бидете поштедливи, затоа што многу лесно ги трошите парите.
Љубов – Го идеализирате партнерот, сеуште не ги согледувате неговите недостатоци, а кога ќе ги запознаете ќе биде доцна.
Здравје – Можни проблеми со срцето.