Како ќе се однесувате денес со светот, така и тој ќе се однесува со вас. Логични и со природна интуиција, лесно ги гледате пропустите во туѓите аргументи – избегнувајте сарказам! Можеби мислите дека сте премногу дарежливи или растрошни, но ова брзо ќе заврши.
БИК
Со транзитот на Уран во вашиот знак се чувствувате заплеткано и неснаодливо, а тоа ве прави нервозни. Пред вас се големи промени, па добро е да имате верба во испробаните модели и традиционални методи. Денес добивате инструкции, лекции, инспирација и водство.
БЛИЗНАЦИ
Иако имате поддршка од Сонцето во вашиот знак, сметате дека нешто го спречува исполнувањето на вашите желби. Топли, зрели и грациозни сега сте во природна позиција на лидер – следете ги советите на некоја смирена женска личност која ќе ги реши вашите препреки
РАК
Се чини дека што и да преземете, добивате погрешни резултати – добро ќе биде да почекате на поповолни услови. До тогаш е најдобро да се повлечете, да ги пресметате своите сили и можности и трепливо да чекате на исполнување на своите планови. Совет од некоја жена.
ЛАВ
Ги имате сите предуслови за успешен живот, а доколку патувате за научни цели, патувањето ќе биде успешно. Не бидете неодлучни ако се соочите со шеми, изиграна доверба и лоши договори и внимавајте да не ги расипете односите со колегите и пријателите. Дилеми.
ДЕВИЦА
Полека ги надминувате тешкотиите и нечесните работи кои ви се одвиваат зад грб – се обидувате да исправите некоја грешка или работа која може да има срамни последици. Ова ќе е поволен ден за интелектуална работа со која што ќе го остварите плановите успешно.
ВАГА
Денес е добро да имате трпение и чекате, штедејќи ја својата сила која ќе ви треба наскоро. Пребрзите акции може да бидат контрапродуктивни, затоа почекајте уште малку. Се чини дека за два месеци ќе се појави личноста која ќе ви биде од голема помош. Зрел лидер.
СКОРПИЈА
Имате чувство дека сте раскинати на две различни страни и не знаете каде да се упатите. Одолговлекувања, конфронтации со потенцијални саботери, но ако останете смирени, сѐ ќе заврши поволно. Сега не е време за нови потфати, туку за рафинирање на почнатото.
СТРЕЛЕЦ
Не си дозволувајте да сте безнадежни, во дилема или да имате чувство на неуспех. Зафатете се со некоја групна работа, наместо да делувате сами и внимавајте да не ги прецените своите капацитети и станете арогантни и неумерени. Некоја личност околу вас ја цени работата.
ЈАРЕЦ
Денес се соочувате со ситни тешкотии и расфрлање на силата во повеќе правци – не бидете нервозни, така правите погрешни чекори. Поддржете ги своите асистенти и колеги и така ќе ги исполните и своите планови. Немојте да сте мрзеливи кога е потребно да се дадете.
ВОДОЛИЈА
Одлучивте да ја искористите својата сила и моќ за да го подобрите животот на сите блиски – сега сте свесни и сфаќате како може да напредувате а при тоа користејќи ја својата позиција. Ги храбрите останатите да ги реализираат своите желби и сте широкогради и лојални.
РИБИ
Можно е да дојдете до вознемирувачки информации или нечии нетактични зборови. Не се предавајте и не се осамувајте. Не настојувајте да излезе сѐна виделина, туку почнете да правите нови планови за во иднина. Ова е убав ден за одмор и за забава, затоа веселете се сега.