Хороскоп за вторник, 10-ти мај 2022-ра

ОВАН
Конечно би можеле да ја донесете одлуката којашто многу долго ја одложувате. Кога еднаш ќе се прекршите и ќе се победите себеси и својата нерешителност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. Така ќе ја дарувате слободата, како себеси така и на партнерот.

БИК
Имате бујна фантазија, свестрани сте и полни со идеи, па големи се шансите дека тоа добро ќе го наплатите. Меѓутоа, за да остварите некои повисоки цели ќе мора нешто да жртвувате, а тоа најверојатно е нешто што е поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.

БЛИЗНАЦИ
Можете да сметате на поддршката на пријателите, бидејќи во изминатиот период со своето залагање и пожртвуваноста тоа го заслуживте кај нив. Ве очекува потпишувње важен договор со кој вашата професионална кариера ќе тргне во друга насока.

РАК
Врската којашто ја државте во тајноста се заканува да стане јавна. Партнерот повеќе ве љуби отколку вие него, но вие не уживате во тоа. Неговите очекување за васт стануваат големо оптоварување, па сето тоа ќе претставува за вас силна причина сериозно да размислите за раскинување.

ЛАВ
Тежнеете кон слободата, меѓутоа, подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за бунт. Дисциплинирано и навремено извршувајте ги своите работни задачи, единствено на тој начин ќе ги избегнете напнатите аспекти коишто може да ви ја компликуваат финансиската ситуација.

ДЕВИЦА
На повидок е финансиска добивка којашто ќе ја ублажи напнатоста, којашто веќе извесно време ве измачува. Не затрупувајте се со нови обврски, туку денот минете го со минимални деловни активности. Одложете го сето она што не ви е задолжително денеска да го завршите.

ВАГА
Имате многу планови и очекувате набрзо да започнете некој од нив. За жал, денеска не ви следуваат поголеми придвижувања, освен што неколку туѓи искуства ќе ве наведата да размислите дали патот којшто го смислиле е најповолниот за вас.

ШКОРПИЈА
Не го добивте очекуваниот договор во врска со работата којашто силно ве заинтригирала. Сепак, очекувајте новина којашто ќе го подгрее надежите дека не е сѐ завршено. Во претстои сериозен разговор и најдобро е навремено темелно да се подготвите.

СТРЕЛЕЦ
Ве нервира мешањето на еден член од семејството во вашето носење одлуки. Образложувајќи ги своите одлични идеи, амбиоциозно започнување разгоор кој потоа се завршува катастрофално. Вашите вербилни вештини денеска не се на завидно ниво, повлечи се.

ЈАРЕЦ
Имате многу разбирање за другите луѓе, сепак, внимавајте бидејќи ви следат предизвикувачки понуди со коишто некој ви ветува голема финансиска добивка. Денеска бидете претпазливи со парите, бидејќи доколку се залетате коцката ќе падне токму на онаа страна на којашто најмалку очекувате.

ВОДОЛИЈА
Доколку се најдете во можност да потпишете некои документи, бидете внимателни бидејќи може да ви се поткредне грешка којашто подоцна нема да можете да ја исправите. Вашето променливо расположенмие може да го збуни партнерот и да го наведе да помисли дека повеќе не го сакате.

РИБИ
Ве интригира некој нов и моментално се обидувате да се насочите на тоа. Не залетувајте се во нови љубовни авантури, особено доколку са уште не сте расчистиле со некој од минатото. Спомените кои ве мачат може да станат непремостлива пречка за нова романса.