Риби
Жена: Таа е романтична хероина која претставува синтеза од имагинацијата и стварноста, од чувствата и страстите, од јавето и од фантазијата. Љубовта е нејзината духовна страна и во целост се препушта на сопствените чувства, на партнерот и на љубовниот виор. Н ејзината имагинација ги надминува стандардните рамки, а во комбинација со љубовните импулси и еротските поттикнувања тоа води кон остварена фантазија или кон фаталност. Мошне е предадена и лесно паѓа на изразите на сентименталност, нежност или љубовно заведување.
Маж: Тој е исклучително емотивен и поседува неодолив шарм – вистински „Ромео“. Неговата фантазија и бескрајниот израз на нежности ќе ве вивне во небесни височини, знае емотивно да ја маѓепса и да ја усреќи сопствената партнерка. Емоциите и страстите секогаш се нераскинливо испреплетени, лесно се препушта на различни уживања, а најубаво или најголемо возбудување чувствува во љубовно-сексуалниот однос. Мошне се племенити, попустливи и внимателни љубовници.
Љубовен стил: Обожава да делува стимулативно на секој дел од телото. Емотивниот занес што го чувствувате ги ослободува вашите чувства и еротските фантазии. Врвот во љубовно-сексуалниот однос за вас претставува исчекор во друга временска димензија. Изобилството од нежности, бакнежи и допири на вас делуваат мошне стимулативно.
Пози: Една од вообичаените и омилени пози ви е да лежите на страна, а партнерот да биде зад вас, притоа на себе си да го чусвтвувате неговиот допир, глас, здив и секоја друга можна стимулација (за жените, а за мажите обратно). Скогаш мораат да постојат бескрајни изрази на нежност, бакнежи и допири.
Ерогени зони: Покрај примарните сексуални зони, особено стопалата, табаните, зглобовите, глуждовите, потоа градите, брадавиците и стомакот.
Сугестија: На сексуални фантазии ве поттикнуваат: најразлични изрази на нежности, топли погледи, боја на гласот, нечија појава и движења, како и страсни бакнежи.