Додека го исчекувате следниот натпревар од Европското Првенство, прочитајте како навиваат хороскопските знаци.
Овен, Лав, Стрелец
Ова се најстрасните навивачи… Спортот им е важен, па дури и ако не се спортисти. Кога ќе слушнете дека се слави поради нечија победа во кавуле, куќа, стан – тука се слушаат огнените знаци. Ним им е важно натпреварот да биде забавен и сите да дадат се од себе си, да има добри спортски потези, добра игра. Исто така, важно им е спортистите да играат по правилата, да има фер плеј. Најдобрата проценка на најдобрите играчи ќе ја дадат припадниците на огнените знаци. Ако некој се разбира во спорт, тоа се тие.
Бик, Девица, Јарец
Земјените знаци не сакаат да се оптоваруваат премногу. Иако фаворитот е засекогаш фаворит, тие не се предомислуваат. Ним им е важно да имаат грицки, пијалак, па дури и некоја посилна храна, затоа што несмеат да пропуштат ништо од секојдневниот живот. Тие ќе анализираат кој најдобро ги искористил шансите, но нема да бидат задоволни со продолженијата, затоа што натпреварот мора да има крај.
Близнаци, Вага, Водолија
Воздушните знаци се пресметуваат, се информираат колку натпревари паралелно се играат, на кој треба да се обложат. Се добро промислуваат, пред да одат до обложувалница. Пред натпреварите ќе одлучат кој натпревар е најважен. Потоа, секако, се анализира играта и што можело да се направи подобро. Потоа ќе проверат во сите весници дали вестите се добро напишани и кој портал подобро известил. Сепак, тоа се прави и за време на натпреварот, за секој случај.
Рак, Скорпија, Риби
На водените знаци им е најважно пред натпреварот да обезбедат пијалак. Тие ги заземаат најоддалечените маси во кафулето, ако таму гледаат натпревар, но повеќе сакаат тоа да го прават дома. Може да се навалат во удобната фотелја или во креветот и затоа немаат потреба да излегуваат од дома. Важно им е да обезбедат и грицки, но поважно им е да имаат пијалак. Ако има премногу фаули, неправилности на натпреварот, нема да го изгледаат до крај.