
Поранешниот полски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Лех Валенса е префрлен во болница поради тешка форма на Ковид-19, изјави денеска негов соработник.
Објавата на Facebook страницата на Валенса покажува фотографија од него во кревет со маска за кислород, со напис „Имам ковид“. Ова е вторпат Валенса да има ковид.
Неговиот соработник Марек Качмар за полските медиуми изјави дека 80-годишниот Валенса е тешко болен, но е под добра нега во болницата во Гдањск, балтичкото пристаниште каде што живее.
Во 1988 година Валенса го предводеше продемократското движење Солидарност што доведе до мирно соборување на комунизмот во Полска девет години подоцна и ги инспирираше другите земји да се отцепат од доминацијата на Москва.
Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1983 година. Во 1990/1995 година, Валенса беше првиот демократски избран претседател на Полска.