Хоспитализирани 888 пациенти заразени со Ковид-19, се зголемува бројот на починати

Зголемен бројот на заболени и на хоспитализирани лица како последица од Ковид 19 во земјава.

Вчера беа регистриран 1.275 нови случаи на Ковид-19 .

Од 56 приватни интернисти само девет прифатиле да помагаат на своите колеги во државните болници кои лекуваат пациенти со ковид-19. Тие чекаат распределба во државните болници.

Претседателот на здружението на лекари интернисти, Александар Манолев, за телевизија 24 вели дека причинатаза малиот број на пријавени е што дел од лекарите веќе имаат премногу пациенти, а голем дел од нив се и во поодмината возраст.

На респиратор се 13 од вкупно 888 хоспитализирани пациенти кои се заразени или суспектни на ковид-19. Со вчерашната бројка на  новозаразени со коронавирус, бројката на активни случаи во земјава стигна до 12 762, од кои најмногу се во Скопје, односно во општина Аеродром.

Сите 13 пациенти на респиратор се во ГОБ „8 Септември“, каде што има 9 приеми во последните 24 часа, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. Според дневните податоците за состојбата со ковид-19 во земјава, пред само два дена на респиратор беа тројца пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36 372, бројката на оздравени пациенти е 22 526, на починати е 1 084, а бројот на активни случаи изнесува 12 762.

Министерото за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ, денеска во 13:00 часот ќе одржат заедничка прес-конференција пред Министерството за здравство.

Се очекува да дадт извештај за состојбата со коронавирусот и болничките капацитети.