Хоспитализирани седум деца со морбили од Ново Лисиче

Седум нови заболени од морбили завршиле денеска на инфективната клиника.

Заразените се деца и заедничко за сите нив е што оделе во градинката „Сонце“ во Ново Лисиче. Сите деца биле невакцинирани.

Засега според извори од инфективната клиника кај децата се прваат сите испитувања за лабораториски потврда.

Инаку постои можност кај голем дел од нив да разбијат и потешка клиничка слика поради компликации од висока температура.

Инаку од групата каде што се заразени децата помеѓу две и три години има уште 28 невакцинирани деца.

Досега околу 30 лица во Скопје се заболени до морбили. 22 двајца се на хоспитализирани на инфективната клиника.

Најмладиот заболен е осум месечно бебе, а најстариот 33. Најмногу заболени има во скопски Аеродром.

Од стартот на епидемијата од средината на декември 1.692 се вакцинирани.

Според епидемиолозите, единствен спас е вакцинацијата.

По скандалот со вакцината каде била залепена декларација со изминат рок, се уште се испитува и се очекува да се понесе одговорност.

Според министерот за здравство Венко Филипче инспекцискиот надзор покажал дека вакцините се со добар квалитет, а рокот на важење не бил поминат.