Хотел „Фламинго“ казино – Гевгелија по четврти пат домаќин на крводарителска акција

По четврти пат хотел „Фламинго“ казино – Гевгелија беше домаќин на веќе традиционалната крводарителска акција, организирана заедно со Црвениот крст Гевгелија.

Вкупно 83 лица, вработени во хотелот, но и граѓаните на Гевгелија во петокот во просториите на хотелот ја покажаа на дело својата хуманост дарувајќи крв.

„Ни преставува чест и гордост и годинава, по четврти пат да бидеме домаќини на оваа благородна хуманитарна акција. Голем број наши вработени покажа особена хуманост како изминатите години, така и годинава и даруваат крв. Како компанија ни претставува задоволство со вакви акции да ја демонстрираме нашата висока свест за општествена одговорност. Наша заложба е и во иднина да ја продолжиме оваа традиција, и да помогнеме на заедницата во која работиме и делуваме“, велат од хотел „Фламинго“ казино – Гевгелија.

Вчерашната крводарителска акција е организирана и реализирана, во соработка со Црвениот крст Гевгелија, која изрази благодарност до хотелот и менаџментот за поддршка и соработката.

Првата крводарителска акција Хотел „Фламинго“ казино -Гевгелија се одржа во ноември 2020 година како продолжение на серијата хуманитарно – донаторски активности кои Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија ги реализираше во тој период.

Компанија продолжува и понатаму посветено преку различни хуманитарни, донаторски активности и покровителски акции во насока на градење партнерство со заедницата и да придонесуваме во општествениот развој.