Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, денес во своето обраќање во врска со обвиненијата на Специјалниот суд, изјави дека Косово како и многу пати претходно, се соочува со искушенија.
-Неодамнешните настани што се резултат на потврда на обвиненијата, меѓу кои се претседателот Хашим Тачи, поранешните спикери на парламентот Јакуп Красниќи и Кадри Весеjли и пратеникот Реџеп Селими, ја доведоа земјата во искушение – рече Хоти.
Хоти додаде дека ја цени нивната позиција за соработка со судот во Хаг.
-Ја поздравувам нивната подготвеност, став и институционална култура, што докажува дека Косово верува во правда и се обединува со правдата без никакво двоумење. Како премиер и како граѓанин, да ги разгледаме нашите напори да ја постигнеме слободата што ја уживаме – рече Хоти.
Тој нагласи дека народот на Косово се вклучи во војната на Ослободителната војска на Косово нееднакви и целосно неповолни околности за воен отпор, за да се запре етничкото чистење на Косово.
-Во 1998-1999 година, светот гледаше геноцид врз народот на Косово – рече Хоти и се заблагодари на Соединетите Американски Држави и сите други земји, членки на НАТО, кои на Косово му помогнаа во најкритичните моменти од историја.