Поранешниот премиер на Косово, Авдула Хоти сподели текст на американската телевизиска мрежа Fox NewКосовоs во кој се вели дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во текот на нејзината последна посета на Косово и Србија, побарала „де-факто признавање“ на косовската независност од страна на Србија и автономија за Србите на северот на Косово.
Формирањето автономија на териториите населени со мнозинско етничко српско население во Косово, го прифатиле премиерот Албин Курти и претседателката Вјоса Османи на средбата со Фон дер Лајен пред неколку дена, пишува Хоти на неговата страница на Facebook, барајќи демант од премиерот и претседателката доколку тоа не е вистина.
„Ако не е точно тоа што го кажа г-ѓа Урсула фон дер Лајен, премиерот и претседателката мора веднаш да го демантираат тоа. Ваша обврска е, излезете и објаснете им на граѓаните“, напиша Хоти.
На објавата, актулениот пратеник на опозицискиот Демократски сојуз на Косово го прикачи линкот до целосната вест на Fox Nes и го сподели делот каде што Фон дер Лајен се наведува дека ја споменала автономијата на Србите.
Фон дер Лајен рече дека Србија де-факто треба да го признае Косово како независна држава и Косово да дозволи автономија на етничките Срби на северот, каде што тие го сочинуваат мнозинството. Ова ефикасно ќе ги исполни претходните обврски што Србија и Косово ги преговараа претходно оваа година, но има малку знаци дека секоја од страните всушност има намера да ги исполни, цитира Хоти дел од извештајот на американскиот медиум.