Ховениер: САД не поддржува ни „Голема Албанија“, ни „Голема Србија“

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, изјави дека неговата земја не поддржува идеи ниту за Голема Албанија, иту пак за Голема Србија, објавија косовски медиуми.

САД го поддржуваат територијалниот интегритет и суверенитет на секоја земја од Западен Балкан, дециден е амбасадорот. Според него, секој обид за прекројување на државните граници на Балканот е контрапродуктивен и дестабилизирачки.

Реакцијата на американскиот дипломат се случи по настаните за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Македонија, што предизвика бројни реакции поради знамето со „Голема Албанија“ кое се вееше на собирот.

Албанскиот политички фактор во земјата не го осуди и не се извини за инцидентот.