Храната е неопходна за нашите тела да растат, да се развиваат и да се лекуваат. Здравата, растителна храна ги содржи сите нутриенти што ни се неопходни за тоа.
Ако не се храниме добро тогаш ги изгладнуваме нашите клетки и не им ги даваме неопходните средства што им се неопходни за функционирање. Еве неколку продукти што се неопходни за вашата кожа да блеска.
-
Домати
Ликопенот, состојката што им ја дава на доматите нивната убава боја е можен антиоксиданс што ги елиминира слободните радикали што предизвикуваат стареење на кожата како последица на изложеност на ултравиолетови зраци.
-
Лубеница
Лубеницата е многу повеќе од овошје што освежува и ја гаси жедта. Богата е со витамините А, Ц и со антиоксиданси, а е неопходна за здравјето на кожата. Големите количества на вода во неа го хидрираат вашето тело и ќе направат вашата кожа да блеска.
Слободните радикали во телото се одговорни за стареењето и за брчките. Лубеницата е богат извор на антиоксиданси како ликопен. Ова ги намалува слободните радикали во телото и ја штити кожата од стареење.
-
Благ Компир
Благиот компир содржи каретеноиди и витамин Ц што го зголемува производството на колагенот. Колагенот ја контролира цврстината и флексибилноста на кожата.
-
Портокали
Портокалите, лимоните, лиметата и цитроните се познати како цитрусно овошје. Лимоните се совршен додаток за вашиот режим за убавина, затоа што тие се познати како природен избелувач. Лимоните ја избелуваат и ја осветлуваат кожата и го изедначуваат тонот на кожата, ги намалуваат лузните од акни и од црнки. Исто така, длабински ја чистат кожата, ги отвараат порите и ја чистат нечистотијата.
За убава кожа, пијте топла вода со лимон и со мед наутро на празен стомак. Се смета дека овој пијалак има голем број позитивни ефекти, го намалува црвенилото, ги чисти акните и ќе направи кожата да ви сјае.
-
Пиперки (Бабури)
Црвените бабури имаат повеќе витамин Ц од портокалот, како и голем број антиоксиданси. Лутите пиперки имаат капсацин, состојка што ја подобрува циркулацијата и го подобрува ослободувањето на токсини од кожата.
-
Кокосово масло
Ова масло е добро за кожата и однадвор и одвнатре. Ви дава заштита од сонце, ве штити од бактерии и ја омекнува кожата.