Христијаните и муслиманите повикани да се молат за крај на пандемијата

Папата Франциск во Рим и големиот имам Ахмед ал-Тајеб во Каиро во четвртокот им упатија повик на христијаните и муслиманите заеднички да се молат за крај на пандемијата на новиот тип коронавирус.

„Да не се молиме едни против други, не! Сите сме обединети во молитвите како човечки суштества“, порача папата Франциск кој секое утро ја води литургијата во својата ватиканска резиденција.

Од Каиро се огласи големиот везир на Ал Азар, водечката институција во сунитскиот ислам, и од верниците побара да го „замолат големиот семоќен Алах да ги заштити сите луѓе од ова зло и да им помогне на научниците во наоѓањето на лекот“.

„Господ нека ја запре оваа трагедија“, молеше Папата и истровремено потсети на „пандемијата на глад“ која оваа година веќе уби 3,7 милиони луѓе, како и „пандемијата на војната“ и „децата без образование“.

Папата Франицск и имамот ал-Тајеб во февруари 2019 година во Абу Дани потпишаа документ за „човечко братство“ во кој повикуваат на слобода на верата и изразувањето, заштита на светите места и во кој загораваат полни граѓански права за дискриминираните малцинства.

Иницијативата резултираше со основање на Високиот комитет за братство меѓу луѓето кој е официјален организатор на Денот на меѓународната молитва.

Во Либан претседателот Мишел Аун, одзивајќи се на повикот на Папата и Големиот везир на Ал Азар, ги повика Либанците да го молат Господ поради заштита на човештвото од пандемијата на коронавирусот.

„Звуците од минарињата и ѕвоната од црквите нека обединат за да се стишаат гласовите кои му штетат на нашето национално единство“, изјави претседателот на оваа повеќеконфесионална земја.

Ден претходно папата Франциск му упати порака на либанскиот народ им и одаде почест на земјата којашто и натаму е пример за соживот и братство, но која преживува сериозна „економска и финансиска криза, доведувајќи ја во праѓање иднината на младите“.