Христовски вели Спасовски го партизира МВР и унапредува несоодветни кадри од СДС, затоа има толку криминал, нерасчистени убиства, бегства од затвор и нарко пресметки

Изминативе години со Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи гледаме еден куп нарко пресметки, ликвидации, киднапирања, бегства од затвор и разни несвојствени ситуации за земја членка на НАТО и аспирант за ЕУ, во 21 век да се случуваат брутални убиства во центарот на градот и да нема одговорност, изјави синоќа Бојан Христовски претседател на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Христовски посочи дека додека кај нас никој не одговара има нерасчистени убиства во соседна Србија видовме како цела полиција се мобилизираше да го фати напаѓачот.

-Кој кај нас одговарал, кое убиство е расчистено?  Видовме киднапирање, нема ни трага ни глас. До вчера имавме 4-5 месеци лажни дојави во училиштата, ги фатија ли? Само прекинаа да ги читаат мејловите, а тука им надлежности МВР, Агенција за национална безбедност, АЕК, Агенција за разузнавање, не ги открија. Се открија само млади деца кои наседнале, како домино ефект, изјави Христовски.

Во однос на оружјето по улиците низ Македонија, Христовски изјави дека фактите говорат дека во Македонија има повеќе нелегално оружје, отколку легално.

Во МВР има комисија која одлучува кој може да земе оружје, а според информациите по медиумите одредени функционери земаат и пари да дадат дозвола за оружје на осуденици за криминални дела. Видовме дека имаше ограбена оружарница во Охрид во сопственост на ПС за општа надлежност Охрид, а не знаеме каде заврши тоа оружје и дали е фатен сторителот, рече тој.

Христовски нагласи дека МВР е катастрофално од повеќе аспекти и затоа не може да се открие ништо, затоа има бегства од затвор, нерасветлени убиства, еден куп криминал кој не може да биде лоциран.

– Ниски плати лоши услови, мобинг, незаконски прераспоредување, по основ на тужби секоја година се исплаќа 200 милиони денари од вработени кои тужат, поради тие незаконски издадени решенија. Вработените ако не се послушници на Спасовски се носат на места далеку од местото на живеење или да извршуваат задачи несоодветни на нивната струка образование.  Паралелно со мобингот кон неистомислениците Спасовски вработува и унапредува лица и поранешни функционери од СДСМ, тоа е таа партизација, поставени се несоодветни кадри на несоодветни позиции, рече Христовски.