Христовски: Влезот на Алијанса за Албанците во Влада не е природен, само со избори може да се прекине тонењето на државата

Алијанса за Албанците влегува во Влада која многу ја критикуваше и не е баш природно да е таму, но можеби имаат идеја да сменат нешто. Сепак за да се смени нешто тоа може да се стори само со избори, рече Бојан Христовски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување на радио Лидер.

Иако има проширување со коалициски партнери, според Христовски се уште ништо не е јасно.

„Мислам дека и самите не се сигурни дали имаат мнозинство воопшто. Тие си прават Влада и без избори. Избори се неопходни и кога и да се ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи победата на ова зло во државата. Ние сме сведоци само на корупција, несоодветен третман на болни, лица умираат. Има илјадници случаи кои не ги ни знаеме, а за кои нема соодветен одговор“, вели Христовски.

Христовски се осврна на работата на Градскиот комитет укажувајќи дека добрата функционалност во истиот е најважна.

„Акциите како директна средба е многу важно затоа што граѓаните сакаат изворно да слушнат. Идејата е да допре до граѓаните за да може ад се креираат политиките. Сепак тој посочи дека има разлика меѓу локални и парламентарни избори затоа што сите не проблеми немаат“, рече Христовски.

Говорејќи за актуелната тема со најавите за бомби Христовски вели дека не е во ред толкав временски период да нема никаков напредок во истрагата.

„Сега требаше да бидат најдени виновниците. МВР и надлежните агенции досега требаше и да ги пронајдат и да ги санкционираат овие случаи. Таму има професионалци, но лицата не се на вистинските позиции“, вели Христовски.