Хронично болните се уште ги чекаат ветените бесплатни маски за заштита од загадениот воздух

Хронично болните сеуште ги чекаат ветените бесплатни маски за заштита од загадениот воздух. Иако министерот Филипче пред месец и половина најави дека државата на почетокот на годината ќе обезбеди 42.000 заштитни маски според податоците од “Мој термин”, од министерството за здравство велат дека доцни донацијата.

Доколку во најскоро време не ја добиеме донацијата, итно ќе набавиме обични маски, а ако има потреба за наредната сезона тендерот ќе го расишеме порано бидејќи процедурата трае околу 2 месеци, велат за Сител од министерството за здравство.

Во меѓувреме на Клиниката за пулмологија нема слободен кревет. Преполна е и дневната болница каде секој ден скопските пациенти наместо да бидат хоспитализирани доаѓаат за неопходната терапија. На клиника ги задржуваат само пациенти од внатрешноста и оние кои имаат тешкки компликации. Дневно во приоритетната амбуланта еден доктор има и по триесетина прегледи, а за втора амбуланта немаат простор.

На одделение е навистина полно, имаме ограничен број на места, некогаш немаме ниту едно слободно место. Дневната болница е преполнапо распоред имаме 10-тина пациенти, доагаат да примат терапија. По 30-40 пациенти имаме и во приоритетната амбуланта, а немаме простор за да отвориме и втора амбуланта, изјави проф. д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Поради енормната загаденост за воздухот, на Клиниката најчесто лекарска помош бараат пациенти со хронични заболувања, со астма или ХООБ, но се почести се и пневмониите. Професорот Докиќ советува кога е загадено и здравите лица да носат маски и да јадат храна богата со антиоксиданси, односно овошје и зеленчук.

Да не се излегува на отворено без потреба кога е загадено и задолжително да се носат маски, додаде проф. Докиќ.

Алармантната загаденост изминатите денови не само Пулмологија ги наполни и детските болници.