
Хрвати преку социјалните мрежи повикуваат на бојкот на српски производи и на 35 продавници чии сопственици се Срби.
Претседателот на Српскиот народен совет (СНВ) и пратеник во хрватскиот парламент, Милорад Пуповац, остро го осудил тој повик и ги повикал надлежните институции да реагираат.
Според него, тоа е карактеристика на нацистички, фашистички и усташки режими од 30-тите години на минатиот век и не е во својство на европските демократски системи.
Со овој повик, смета Пуповац, се прекршува Уставот на Хрватска, законите за заштита на правата на националните малцинства, законот за сузбивање на дискриминација и низа европски повелби и конвенции.