Српското десно крило Дарко Ѓукиќ тврдеше дека сме аутсајдери во групата и дека ќе завршиме на последното место, но видовме кој замина од Полска.
Само што се спасивме од Ѓукиќ, се појави нов провокатор, Марино Мариќ од хрватската репрезентација, кој во изјавата за Балкан Хандбал вели:
Првиот натпревар го играме со Македонците и тоа е добро. Тие се најслабиот противник во групата. Игравме многу пати со нив и ги победуваме. Сепак, ќе мораме со респект да влеземе и во овој натпревар, бидејќи Македонија има одлични индивидуалци, кои ги тренира Обрван. Играат цврсто, компактно,имаат добра одбрана и никаде не брзаат. Ќе биде возбудливо.