Хрватка ја згрози Америка: Го избола сопругот со нож, па го „докрајчила“ со бејзбол палка

Анка Мишчевиќ му забодела на својот сопруг нож во градите, но тој успеал да го извади. Тој не успеал да повика брза помош, бидејќи таа почнала да го удира со палка.

Педесет и шестгодишната Анка Мишчевиќ, Хрватка која живее во Чикаго, на суд се изјаснила како невина во случајот што ја згрози Америка. Таа е осомничена дека првен го избодела својот сопруг со нож, а потоа го „докрајчила“ со бејзбол палка.

Обвинителството против неа покренало тужба, бидејќи брутално го убила својот сопруг, забивајќи му нож во градите, а потоа го претепала со бејзбол палка по главата. Порати тоа сега и се заканува казна затвор во траење од 20 до 60 години.

Според тврдењата на обвинителот, Мишчевиќ признала дека се наоружала со нож и палка пред да влезе во спалната соба, каде што го забодела својот сопруг. Тој успеал да го извади ножот, а кога се обидел да повика итна помош, Анка почнала да го удира со палката по глава.

Мишчевиќ досега поради психички проблеми три пати била во болница, зема лекови и оди на психијатар. Таа ќе остане во притвор бидејќи немала да плати кауција од три милиони долари.