Од агенцијата „Коузон“ велат дека најатрактивна дестинација за работа е Хрватска во овој период во угостителството.
Менаџерот во Агенцијата, Ирена Петреска, Хрватска е атрактивна поради поволните услови и платата што ја нудат работодавачите. Македонскиот работник може да заработи од 600 до 1.000 евра. Хрватските работодавачи според договорот, нудат работа за сите кои не се од земјите во ЕУ, меѓу кои е и Македонија. Тие нудат и работни дозволи, бесплатно сместување и храна, солидни плати и комплетни услови, особено со платен превоз назад за ангажираните работници. Шанси за работа имаат кадрите од 30 до 50 години возраст.