Хрватска бележи нов рекорд 2.890 новозаразени и 34 починати од коронавирусот

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се рекордни 2.890 нови случаи на заразата со коронаврирусот, а починале уште 34 лица, соопшти во петокот Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активните случаи во земјата денеска изнесува вкупно 15.567, од кои 1.307 пациенти се на болничко лекување а од кои, пак, 135 пациенти се на респиратор.

Од 25-ти февруари, кога во Хрватска беше регистриран првиот случај на заразата со новиот коронавирус, досега вкупно се заразиле 62.305 лица, од кои починале 717 луѓе.

Вкупно, пак, оздравеле 46.021 лице, од кои 2.645 во последното деноноќие. Во моментов има 33.467 луѓе во самоизолација, според податоците на здравствените власти.

Хрватска заклучно со последните податоци севкупно тестирала на коронавирусот 541.605 лица, од кои 9.317 во последните 24 часа.