Хрватска ги ограничи маржите и така го ублажи растот на цената на горивата

Хрватската Влада донесе мерки за ублажување на растот на цената на горивата.
На владина седница одржана во понеделникот, донесена е одлука со која за 50 литарски резервоар заштедата за бензин е околу 114 куни (околу 1,6 евро), а за дизелот 134 куни.

-На седница донесовме нови мерки за ублажување на растот на цената на горивата и ударот по стандардот на граѓаните. Со намалување на висината на расходите и ограничување на висината на маржите, воведуваме 14-дневен период за утврдување на цените на нафтените деривати, напиша премиерот Андреј Пленковиќ на Фејсбук.

Тоа значи дека цените на нафтените деривати ќе се менуваат на секои 14 дена, што значи поголема сигурност и стабилност за домашниот буџет на граѓаните.-Со ваков начин на пресметка ќе се донесе максимална заштеда за граѓаните. Ова е поповолно за граѓаните, порача Пленковиќ.

Ваквите мерки ќе важат 30 дена, по што владата, како што е најавено, повторно ќе ја процени состојбата и одново доколку има потреба, ќе реагира.

Пред речиси една недела, интервенција во цената на горивата имаше и во Германија откако државата се откажа од голем дел од данокот за енергија.