Хрватскиот министер за правда Дражен Бошњаковиќ синоќа во Вашингтон со американскиот колега Вилијам Бар потпиша договор со кој Хрватска и САД ги регулираат екстрадициите, како и давањето взаемна правна помош.
– Сметам дека тоа е голем исчекор, посебно поврзано за договорот за екстрадиција, бидејќи актуелниот датира од 1901 година, изјави Бошњаковиќ за хрватската агенција Хина.
Постапките за испорачување меѓу Хрватска и САД досега се темелеја на Конвензијата за издавање виновници меѓу Кралството Србија и САД од 1901 година, кој Хрватска по осамостојувањето го презеде со сукцесија.
Бошњаковиќ истакна дека потпишаните договори се значително помодерни од оние кои досега беа во сила, а и последица се на договорите меѓу ЕУ и САД, кои наложуваат дека секоја земја може билатерално да ги регулира односите со Вашингтон.