Хрватска повторно ја отвори границата со Србија во попладневните часови и пропушти повеќе илјади мигранти кои речиси два дена беа таму заглавени.
Портпаролката на УНХЦР Мелита Шуњиќ која се наоѓа на границата рече дека „границата се отвора без најава и дека тогаш сите наеднаш тргнуваат“.
Од хрватска страна бегалците чекаат автобуси кои ги превезуваат во прифатниот центар Опатовац, а превозот го обезбедува хрватската полиција.