Советот на Жупанскиот суд во Загреб донесе одлука поранешниот шеф на југословенската и хрватската тајна служба, Јосип Перковиќ, да го екстрадира во Германија.
Адвокатот на Перковиќ најави дека ќе поднесе жалба на таа неправосилна одлука.
Перковиќ беше приведен на основа на европски налог, а Германија го бара поради сомнеж дека учествувал во убиство на хрватскиот политички емигрант Стјепан Ѓурековица во 1983-та година.
Заменик портпаролката на судот, Ивана Чалиќ, изјавила дека судот одлучи да го прифати германското барање за екстрадиција на Перковиќ и дека аргументите на одбраната не се прифатени.
Перковиќ се противи на екстрадицијата и смета дека во тој случаи по хрватските законинастапило застарување на делото, а дека во Германија нема да има праведно судење.