Хрватска: Милановиќ падна под 50 отсто, обработени 80 отсто од избирачките места

Според привремените резултати на Државната изборна комисија објавени во неделата во 20 часот и 30 минути и обработени 80,33 отсто од избирачките места, актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ освоил 49,85 отсто, а кандидатот на владејачката HDZ и коалицијата, Драган Приморац освоил 20,69 отсто од гласовите.

Кандидатката Марија Селак Распудиќ освоила 8,64 отсто од гласовите, а Ивана Кекин 8,08 отсто. Следува кандидатот Томислав Јоњиќ со 4,51 отсто гласови и Миро Буљ со 3,79 отсто.

Понатаму, кандидатката Бранка Лозо доби 2,37 отсто од гласовите, а кандидатот Нико Токиќ Картело 0,87 отсто од гласовите.

Ова се податоци од 5.426 обработени избирачки места (80,33 отсто) од вкупно 6.755.