Хрватска: Невработенoст од 21,1 отсто

Стапката на регистрирана невработеност во Хрватска за ноември оваа година изнесува 21,1 отсто од работоспособното население.

Тоа е зголемување од 0,8 процентни поени во однос на претходниот месец кога изнесувала 20,3 отсто, објави хрватскиот Државен завод за статистика. Стапката на невработеност во однос на ноември минатата година е поголема за 0,7 процентни поени, бидејќи тогаш изнесувала 20,4 отсто.

Стапката на регистрираните невработени, која се пресметува како однос меѓу бројот на невработени спрема вкупното активно население, била најниска оваа година во август и изнесувала 18,4 отсто, а највисока во јануари и февруари со 21,9 отсто.