Хрватска одбила да школува црногорски војници

Хрватска го одбила барањето на Црна Гора за обука на неколку војници, објавија во понеделник црногорските медиуми, кои потегот го протолкуваа како одговор на неодамнешното црногорско усвојување на резолуцијата за Јасеновац.

Подгорица Побједа објави дека хрватското Министерство за одбрана потврдило дека го одбило барањето да се примат двајца питомци на Армијата на Црна Гора да студираат на Хрватскиот воен универзитет.

Црногорското радио Антена М претходно објави неофицијална информација дека покрај одбивањето на приемот на двајца питомци, не е прифатено ниту барањето на црногорското Министерство за одбрана за запишување на еден кандидат од црногорската војска во Хрватската воена академија.

„Министерството за одбрана донесе таква одлука, а за идната соработка во таа област ќе известиме кога ќе дојде време“, велат од хрватското Министерство за одбрана за Побједа.

Според Антена М, Црна Гора преку својот воен прeтставник побарала од хрватското министерство да прими тројца припадници на црногорската армија во воените училишта, но добила негативен одговор.

Медиумите ова го толкуваат како уште еден потег што Хрватска го направи како одговор на неодамнешното усвојување на Резолуцијата изгласана во црнокорскиот парламент за концентрационот логор Јасеновац на територијата на тогашната Независна држава Хрватска (НДХ), соработничка на нацистичка Германија.

Загреб за персона нон грата ги прогласи претседателот на црногорскиот парламент Андрија Мандиќ, вицепремиерот Алекса Бечиќ и пратеникот Милан Кнежевиќ.

Во Подгорица се шпекулира и дека Хрватска ги блокирала средствата за Црна Гора од Евреопската унија наменети за модернизација на армијата преку Европската програма за мир.

Црногорскиот парламент на крајот од јули усвои резолуција за осуда на геноцидот во логорите Јасеновац, Матхаузен и Дахау.

Усвојувањето на таа резолуција, предложена од лидерот на просрпската Андрија Мандиќ, е неговиот одговор на поддршката на црногорската влада за резолуцијата за Сребреница, која малку порано ја усвоиј Генералното собрание на Обединетите нации.

Хрватска жестоко реагираше испраќајќи протестна нота до Подгорица и предупреди дека таквите одлуки може да го загрозат нејзиниот европски пат.