Хрватска почнува да издава ковид пасоши

35

Хрватска од денеска почнува да издава ткн. ковид пасоши.

Одлуката за започнување со издавање на дигитални сертификати, попознати во јавноста како ковид – пасоши, Владата ја донесе вчера.

Овој документ овозможува олеснето движење на граѓаните при преминување на граничните премини на Хрватска, но, исто така, и на граничните премини на земјите-членки на ЕУ со кои ќе бидат склучени билатерални договори.

Без оглед на верзијата, сертификатот содржи QR-код со основни информации и дигитален печат за да се обезбеди автентичност на сертификатот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.