Постои значаен потенцијал во се’ уште неоткриените резерви на нафта и гас долж целата хрватска страна на Јадранот, вели хрватскиот министер за економија, Иван Врдољак.
Тој ја дал изјавата во Сплит, на истражувачкиот брод „Сибрд Нортен експлорер“ на норвешката фирма „Спектрум“, која од септември минатата година спровела проект на собирање на сеизмички податоци во 2Д техника во јадранското подморје, пренесуваат хрватските медиуми.
Точните количини би требало да се дефинираат преку понатамошна анализа на податоци и понатамошни истражувања, а 20-тина светски нафтени компании покажуваат интерес, а некои одн нив веќе имаат и документи за сеизмичките снимања.