Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.427 нови случај и на зараза со коронавирусот, а починале 34 лица што е рекордна бројка на дневно ниво досега, соопштија во вторникот Националниот штаб за цивилна заштита.
Во Хрватска во моментов има вкупно 14.079 активни сличаи, од кои 1.191 пациент е на болничко лекувањ, од кои пак 112 пацеинти се на респиратор.
ОД 25-ти февруари, кога е потврдени првиот случај на коронавирусна инфекција во Хрватска, досега вкупно се забеллежани 54.087 лица, а починале вкупно 628 пациенти.
Во самоизолација во моментов во земјата има 26.888 лица. Досега биле тестирани 514.176 примероци, од кои 7.013 во последното деноноќие.