Од денеска петардите се забранети во Хрватска, откако стапи на сила законската забрана.
Здружението „Пријатели на животни“ ги повика граѓаните да ги предадат преостанатите количини петарди на полицијата или да ги вратат во продавниците каде што ги купиле, објави Индекс.
Здружението наведува дека слабиот одговор на апелите да не се фрлаат петарди, особено ако се земе предвид вознемиреноста кај населението поради неодамнешниот земјотрес, е уште една причина зошто законската забрана е единствениот ефикасен начин за заштита на граѓаните и животните.