Српската полиција од овој момент на сите гранични премини нема да дозволи влез на хрватската стока и товарни возила во државата, вели минстерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
Тој нагласил дека Хрватска не ги испочитувала барањата за отворање на границата, како и дека се однесува неодговорно.
Освен тоа, министерот на полицијата истакнал дека Хрватска со економска агресија нанесува штета на стопанственииците и на двете земји. Според неговите зборови, патничкиот сообраќај ќе се одвива нормално.
„Србија е приморана да преземе мерки. Не сме ни задоволни, ни среќни, само ја штитиме својата земја“, рекол Стефановиќ.
Според неговите зборови, полицијата нема да дозволи влез вo Србија на сите гранични премини на Република Србија, на нiедно товарно и превозно средство што превезува хрватска стока.
Тоа се однесува и на камиони, железница и кое било друго возило на сите премни, па и со возила кои ги управуваат лица од трети земји.
Овие мерки почнуваат да се применуваат од полноќ.
На новинрско прашање кои се другите мерки кои ќе ги примени Србија, Стефановиќ одговорил дека Владата ќе размисли за тоа.
„Овие мерки коисе сосема доволни за економска агресјиа на нашата земја. Тоа се за пет или десет минути може да се повлече, ако границата се отвори. Ако не, ќе има и други мерки, за кои ќе бидете информирани“, рекол Стефановиќ.
За потсетување, на полноќ истече рокот ој Србија и го даде на Хрватска за да ја отвори границата.
Премиеот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа изјави дека се согласува со ставот на високата претставничкана ЕУ Федерика Могерини, дека затворањето на границата на Хрватска не е решение и дека чека на отворање на границите.
Од друга страна, хрватскиот премиер, Зоран Милановиќ рекол дека за отворање на граничните премини ќе одлучува на основа на бројот на мигранти кои ќе се обидат да влезат во Хрватска.
„Можеби наскоро ќе ја отворам границата, а после повтроно ќе ја затворам ако бројот на бегалци премине 8.000 до 10.000 бегалци, рекол Милановиќ.