Припадниците на пет полициски администрации во пет хрватски окрузи приведоа најмалку пет лица, меѓу кои и Марко Францишковиќ, водачот на протестите против вакцинацијата, кои се осомничени за јавно поттикнување тероризам, објави хрватскиот портал Индекс.
МВР денеска соопшти дека во пет жупанија се води кривична истрага поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Јавно поттикнување тероризам. Се наведува дека станува збор за истрага поради сомневање за дејствија кои поттикнуваат кршење на основните уставни, политички и економски структури на Хрватска со напаѓање на физичкиот интегритет на други лица и јавни објекти.
Во денешните акции се опфатени повеќе лица од наведените подрачја кои се под надзор на полицијата, се вели во соопштението и се додава дека во наредните денови полицијата ќе работи на прибирање докази со претрес на објекти, возила и друга опрема.