Хрватска: Убил пет лица во Домот за стари и изнемоштени лица

Пет лица се убиени во понеделникот во Домот за стари и изнемоштени лица во хрватскиот град Дарувар, јавува локалниот медиум Mojportal.hr.

Неофицијално се дознава дека маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука. Според првичните информации на местото на настанот загинале пет лица, а на некои сѐ уште им се укажува лекарска помош.

Порталот додава дека убиецот по убиствената поход побегнал, но полицијата го уапсила во близина на кафуле. Се додава дека во Дарувар одекнуваат сирените на возилата на сите итните служби.