Сеизмолошката служба на Хрватска околу осум часот забележа умерено силен земјотрес со епицентар три километри од Цриквеница.
Магнитудата на земјотресот изнесувала 2,7 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот бил четири до пет степени според Меркалиевата скала, пренесува ХИНА.
Според досегашните информации потресот се почувствувал на поширокото подрачје на Цриквеница, соопшти дежурниот сеизмолог на Сеизмолошката службна, Крешимир Кук.