Хрватска влезе во Шенген зоната и се префрли на еврa

Хрватска од денеска е членка на Шенген зоната и од денеска наместо досегашната национална валута куната ќе го користи еврото.

Со влегувањето на Хрватска во најголемата безгранична област во светот, се укинуваат граничните контроли на сите нејзини граници со земјите од ЕУ, додека границите со Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина стануваат надворешни граници на ЕУ.

За граѓаните на Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, земји кои не се во ЕУ, влезот на Хрватска во Шенген не носи промени во процедурата за преминување на границата бидејќи Хрватска до сега ги применуваше шенгенските правила.

Но, ќе има промени кога станува збор за нивниот престој во Хрватска, кој од 1 јануари 2023 година не може да биде подолг од 90 дена во ниту еден период од 180 дена.

Со влегувањето на Хрватска во еврозоната хрватската куна на полноќ и формално беше заменета со евро. Сепак, граѓаните ќе можат да плаќаат во куни до 15 јануари, но треба да добијат кусур во евра.

Исто така, во текот на 2023 година граѓаните ќе можат бесплатно да менуваат банкноти и монети куни по фиксен курс 7,53 куни за еврото, а од 2024 година ќе можат само во Хрватската народна банка.