Хрватска: Во експлозијата загина млад маж, повредени се уште четири млади лица

Во експлозија којашто се случила синоќа околу 23 часот во Книн, во стан на приземје од зградата загинал 25-годишен маж, а млади мажи на возраст од 25 и 23 години, 21-годишна девојка и малолетничка се здобиле со тешки физички повреди, извести полицијата во неделата.

Истражниот тим и полициските службеници за заштита од експлозија врз основа на пронајдените траги на местото на настанот утврдиле дека експлозијата била предизвикана од рачна бомба „М-75“.

Од извршените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба „М-75“ и ја предал на друг 25-годишник. Како резултат на нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник.

Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на наведената минска експлозивна направа.

Инаку, од почетокот на 2024 година, полициските службеници од антиексплозивна заштита на подрачјето на Полициската упра ва Шибеник-Книн регистрирале 5.091 случај на доброволно предавање оружје и мински експлозивни направи како дел од кампањата „Помалку оружје, помалку трагедии “. По тој повод запленети се вкупно 33 парчиња оружје, 4.986 парчиња муниција, 32 мини-експлозивни направи и 18,4 килограми експлозив.

Исто така, од страна на полициски службеници на полициската управа Шибеник-Книн, во рамки на прекршочна или кривична постапка од граѓани одземени се 60 парчиња оружје, 999 парчиња муниција, 134 парчиња пиротехнички средства и 1,5 килограми експлозив.