Хрватска во групата земји со најголеми последици од руското ембарго за извоз на гас

Доколку Русија го прекине снабдувањето со природен гас за Европската унија, Хрватска ќе може да наполни до 30 отсто од складиштето за гас, процени Европската мрежа на преносни системи за оператори за гас (ENTSOG), која го обединува транспортот на гас во ЕУ, пишува Јутарњи лист.
Весникот наведува дека во извештајот се истакнува дека во случај на прекин на испораките на руски гас, повеќето членки на ЕУ нема да можат да постигнат повеќе од 80 отсто од планираното надополнување на испораките на гас, со значителни отстапувања меѓу нив.

Според тој извештај, Велика Британија, Белгија, Франција, Шпанија и Португалија во тој случај ќе имаат најмалку потешкотии да ги наполнат своите магацини. За нив ENTSOG проценува дека во случај на тоа сценарио ќе ги надополни резервите на гас меѓу 90 и 100 проценти.

Во втората група на земји од анализата на ENTSOG се Германија, Холандија и Италија, за кои организацијата проценува дека би можеле да ги наполнат нивните магацини меѓу 30 и 60 проценти.

Се предупредува дека трите земји имаат 50 проценти од капацитетите за складирање на гас во ЕУ.

Хрватска, заедно со Литванија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија, Словенија, Бугарија и Романија е третата група членки на ЕУ што според таа анализа, најтешко ќе го преброди руското ембарго за извоз на гас во ЕУ.

Според изворот, тие членки на ЕУ ќе пополнат најмногу 35 отсто од своите капацитети за складирање природен гас.

фото: Јутарњи лист