Хрватска во пламен – трите пожари во Дубровачко-неретванската жупанија во Хрватска се сеуште активни.
Портпаролот на Штабот за заштита и спасување, Горан Цветковиќ денеска соопшти дека двата пожари на Пељешац и еден на Корчула се уште се активни.
На Пељешац во пределот на Поникава пожарот го гаснат три канадери, а гори и во правец кон Јанина, и кон подрачјето на Смоквица на Корчула, изјави Цветиновиќ.
Според портпаролот на Штабот за заштита и спасување на Корчула пожарот е активен во Смоквица, додека во Брно огнот стигна на стотина метри од куќите. Засега, за среќа никаде нема станбени единици во непосредна опасност од пожарот.
Поради пожарите кои не ослабнуваат во Хрватска нема повлекување на пожарникарите, а во помош пристигнуваат колеги од останатите делови на државата, со цел да се спречи ширење на огнот на Пељешац и Корчула.